Map Graph

Св. Атанасија (Љубаништа)

археолошко наоѓалиште во Македонија

Св. Атанасија — археолошко наоѓалиште во охридското село Љубаништа. Претставува некропола и црква од римско време и. среден век. На околу 500 м југоисточно од манастирот Св. Наум во 1928-1930 година е изградена малата црквичка Св. Атанасија, врз темели од постара градба. Покрај неа случајно биле откриени и уништени гробови. Гробните прилози не се зачувани, со исклучок на еден бронзен сад кој денес се чува во Заводот и Музеј во Охрид.

Read article